Ценовник

Зошто да се користи интернет-маркетинг?

Затоа што живееме во ера на глобална експанзија на сите полиња. Интернетот не е повеќе привилегија на неколкумина, туку на сите граѓани на Република Македонија. Истражувањата покажуваат дека во 2010 околу две-третини од целокупната популација користи Интернет барем еден час во текот на денот. Тоа се речиси 1,5 милиони жители во државава.

Замислете дека можете да допрете до секој од нив! Ќе ви се случи да не ја погледнете рекламата што се емитува на телевизија, ќе го смените каналот. Ќе го свртите листот со реклама во дневниот печат. Но, кога сте сами пред вашиот компјутер, на вашето око не може да му избегне реклама што е поставена на вашата омилена интернет-адреса!

Затоа што домашните медиуми се ограничени и во регионот. Додека Интернетот не е! Замислете дека можете да допрете до сите жители на Балканот само со еден клик!

Затоа што со буџетот што сте го планирале за билборд, ТВ-реклама, радио и слично, ќе добиете најмалку десет пати повеќе видливост на вашиот производ, а со додавање линк на рекламата директно ги носите граѓаните на вашата интернет-страница и детално го презентирате она што го нудите и сето тоа е бесплатно или чини многу малку во споредба со класичниот маркетинг.

„Многоо“ ви го овозможува токму тоа!

Секој ден на некој од петте портали („Спорт“, „Забава“, „Стил“, „Пари“ и „Огласи“) нè посетува верна публика од целиот регион! На тој начин допирате до речиси десет милиони читатели!

„Многоо“ има посебно развиен софтвер што ви овозможува точно да таргетирате која публика (согласно нивниот пол, етничка припадност, место на живеење и лични интереси) сакате да го види вашиот оглас!

Статистиките покажуваат дека „Многоо“ е компанија што за многу краток временски период сериозно се наметна на медиумскиот пазар и од ден во ден покажува пораст во сите сфери.

Колку чини рекламирањето на „Многоо“:

Ценовник за рекламирање и спецификации
# Опис Димензии (pix) Тип Тежина Износ за илјада импресии (CPM)*
ден.
1 Голем банер / Leaderboard 728 x 90 image / flash 200 kb 218,00 - 284,00 3,50 - 4,50
Голем банер / Leaderboard 728 x 90 flash roll down, roll side 200 kb 327,00 - 426,00 5,50 - 7
2 Коцкест банер / Square 300 x 250 image / flash 200 kb 202,00 - 262,00 3 - 4
Коцкест банер / Square 300 x 250 flash roll down, roll side 200 kb 302,00  - 393,00 5 - 6
3 Среден банер / Full baner 468 x 60 image / flash 200 kb 99,00 - 129,00 1,50 - 2
4 Вертикален банер / Skyscraper 120 x 600 image / flash 200 kb 99,00 - 129,00 1,50 - 2
Вертикален банер / Skyscraper 120 x 600 flash roll down, roll side 200 kb 149,00 - 193,00 2,50 - 3
* Цените се со вклучен ДДВ.

 
 


 

Специфични банери

Специфични банери
#
Опис
Местоположба
Тежина
Износ за период од една недела*
ден.
1
Тејковер банер / Takeover baner
portal mnogoo.mk
200 kb
44.350,00
720,00
Тејковер банер / Takeover baner
portals sport, fun, style or money
200 kb
36.960,00
600,00
2
Заднина на портал / Portal Background
portal mnogoo.mk
200 kb
36.960,00
600,00
Заднина на портал / Portal Background
portals sport, fun, style or money
200 kb
27.720,00
450,00
3
ПР-текст / PR text

 
 
3.080,00 (дневно)
50,00 (дневно)
4
Брендирање / Brending

 
 
по договор
* Цените се со вклучен ДДВ.
 
 
Тејковер банер

Тејковер банерот го покрива речиси целиот екран.
Кога корисник ќе дојде на порталот, пред да ја погледне содржината на целиот екран, најпрвин ја гледа содржината на банерот.
Заднина на портал

Дизајнирана заднина на секој од порталите што се гледа под транспарентната површина на содржината што е поставена.
Со секој преглед на која било од содржините или од насловните страници се гледа и креативата што е поставена. Таа може да содржи линк и да води на интернет-адресата на огласувачот.
ПР-текст / PR text

Комерцијален (PR) текст се објавува на насловната страница на порталот, како и на агрегаторот mnogoo.mk. Комерцијалниот текст подлежи на исти тип споделување и преглед како и обичните текстови, со што се добива максимална изложеност на содржината.
Закупот за еден ден подразбира објавување во првите 24 часа.
Брендирање / Branding

Брендирањето подразбира дизајниран виџет или посебна апликација што се развива посебно по барање на клиентите или, пак, може да се употреби веќе развиена апликација.
Таа се поставува на некој од порталите, а го содржи логото или боите на огласувачот, во зависност од договорот.