Политика за прифатливост на рекламирање

1. Добре дојдовте

Политиката на креативна прифатливост за рекламирање (ППР) на "Многу Медиа" е креирана со цел да се запазат и за да се имплементираат највисоките стандарди на рекламирањето на сите платформи на "Многу", што ќе бидат конзистентни со високите бренд-стандарди на "Многу", што имаат за цел да им обезбедат највисок квалитет на нашите огласувачи и клиенти.

2. Правила на политиката

Политиката на креативна прифатливост за рекламирање на "Многу Медиа" се однесува на огласување на сите платформи на "Многу Медиа". Во кое било време и од која било причина, "Многу Медиа" го задржува правото и дискрецијата да одбие кој било оглас/огласувач, да направи отстапки од политиката базирана на конкретен случај, да прави измени на оваа политика.

Овој документ е креиран од страна на "Многоо Медиа ДОО" и е дел од документацијата на компанијата.

3. Последни направени измени

09.10.2010 Креирана политика за прифатливост на рекламирање.

4. Важни напомени

Критериуми за моментално отстранување
  1. Ризик од содржина од расен карактер.
  2. Несоодветна содржина, на пример, употреба на несоодветен јазик, насилство.
  3. Наметнато аудио, без притоа корисникот да има можност да го исклучи или вклучи.
  4. Нелегални материјали или нелегална содржина.
  5. Огласи што рекламираат хазардни игри.
  6. Реклами или поп-апи што ги спамуваат.
  7. Креативна содржина што ги деградира перформансите на веб-страниците (вклучувајќи и тежина поголема од пропишаната).
  8. Креатива што нарушува повеќе правила на ППР.

5. Содржина за возрасни

Не е дозволено:

Хумор, слики или текст што не е соодветен за не-возрасната публика вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:

  1. Слики што можат да бидат страшни.
  2. Текстуални или цртани содржини што експлицитно или имплицитно наведуваат на содржини за возрасни.
  3. Разголеност – какви било слики на кои има деца/тинејџери/возрасни со разголени делови од телото, како што се гениталии, задници и предлабоки деколтеа.
  4. Експлицитни сексуални слики – слики од луѓе поставени во позиции што поттикнуваат сексуални сугестии.
  5. аква било содржина за возрасни директно или индиректно промовирана преку некаков тип на оглас.
Дозволено со ограничувања:
  1. Костими за капење се дозволени доколку не откриваат делови наведени во делот што забранува разголеност.
  2. Пребарувања на корисници кои пребаруваат содржини за возрасни.

6. Алкохолни, цигари и оружје

Не е дозволено:
  1. Содржина што промовира директно или индиректно продажба на цигари и оружје од каков било вид.
  2. Содржина што рекламира алкохолни пијалаци во делови од сајтовите што не се наменети за не-возрасна популација.
  3. Дозволено со ограничувања:
    1. Содржина што промовира директно или индиректно пиво, вино или ликери на веб-страници или делови каде што има рестрикција на не-возрасна популација.

7. Креативни правила: Анимација

Не е дозволено:
  1. Рапидно користење на светлосни ефекти што се повторуваат повеќе од 15 секунди.
  2. Константно повторување делови од анимација.
  3. Анимација што предизвикува визуелен стрес.
  4. Рапидно менување сцени или слики.
  5. Трепкање или менување сцени што вклучуваат користење на монохромната црвена боја.
  6. Користење шеми со рапидни промени во осветлувањето, како ленти и спирални шеми.
Дозволено со ограничувања:
  1. Анимација што не се врзува со конкретната порака што ја нуди производот.

8. Креативни правила: Кампањи во поврзани медиуми

Дозволено со ограничувања:
  1. Огласи што претставуваат дел од кампања во повеќе медиуми што предизвикуваат доза на предвидливост и препознатливост.

9. Креативни правила: Слики

Не е дозволено:
  1. Заматени или нејасни слики, логоа или дизајни.
  2. Слики што изгледаат како да имаат некоја функционалност како мени-копче, а всушност немаат.
  3. Слики од "Многу", логоа или теми од "Многу" не смеат да се повикуваат или прикажуваат во оглас.
  4. Слики што не го претставуваат производот што се користи во огласот.
  5. Слики или стрипови што прикажуваат делови од телото што биолошки не се вообичаено видливи во секојдневниот живот. Прикази на медицински интервенции невообичаени за секојдневниот живот.

10.Креативни правила: Пораки

Не е дозволено:
  1. Огласи што го немаат инкорпорирано логото или името на огласувачот.
  2. Дестинацијата до која води линкот на огласот да не ја вклучува понудата/производот што се прикажува на огласот.
  3. Пораки или понуди што можат да го доведат корисникот во заблуда.
  4. Текст што не соодветствува со производот/услугата што се нуди на огласот. Текст што може да биде протолкуван како збунувачки или го наведува корисникот на активности што не соодветствуваат со производот/услугата што се нуди во огласот.
  5. Содржината за специјалната понуда во огласот мора да биде директно поврзана со категоријата за која се однесува специјалната понуда.
Дозволено со ограничувања:
  1. Кога се работи за програма на владата, референцирана во огласот, треба да има дополнително објаснување за деталите на програмата, како и линк што води до дополнителни ресурси што се наведени во креативата.
  2. Небрендирани фармацевтски огласувачи кои промовираат информативни податоци за производ или лек.
  3. Небрендирани фармацевтски огласувачи кои го споменуваат името на производот/лекот, но не ја споменуваат болеста или здравствената состојба (огласи за градење на брендот).

11.Состаноци и персонални огласи

Не е дозволено:
  1. Персонални огласи/состаноци не се дозволени во следниве делови/секции на огласната мрежа:
  2. Кој било дел/секција дизајниран/а за деца или е насочен/а кон децата.
  3. Креативен фокус:
    1. Заеднички интереси.
    2. Пријателство
    3. Врски.
    4. Парови.
    5. Љубов.
    1. Правила
    2. Без фокус за огласување на запознавање на одредени индивидуалци.
    3. Без сексуални навестувања.
    4. Текстовите во огласот мораат да бидат во согласност со погоренаведените фокуси.
    5. Амбиентот и атмосферата мораат да претставуваат секојдневна средина, без кревети, предигри или сексуални активности.
  4. Дозволено со ограничувања:
    1. Доколку ваквите огласи се забранети на деловите/секциите за кои не се наменети.
    2. Доколку се соодветно насочени во системот за прецизно таргетирање на корисниците.
    3. Доколку огласите се претходно одобрени од "Многу Медиа" и се дозволени да се прикажуваат.

12.Деградирачка, дискриминирачка и незаконска содржина

Не е дозволено:
  1. Сè што промовира дискриминација, деградација или промовира незаконски активности.

13.Бесплатни понуди и добивки од наградни игри

Не е дозволено:
  1. Креатива со содржина со следниот текст: "Вие сте избрани за да добиете бесплатно...".
Дозволено со ограничувања:
  1. Доколку се нуди некој производ/услуга бесплатно или со некаков попуст што важи со кликнување на огласот, мораат де се наведат деталите за учеството за ваквиот оглас, за да не предизвика забуна или за да биде разбран погрешно.
  2. На главниот оглас мора да постои линк до место каде што детално се наведуваат и се објаснуваат правилата и условите за учеството.
  3. Комплетните услови за учество и користење треба да бидат наменети за огласот за кој се наменети, а не за комплетните производи/услуги на огласувачот.
  4. Сите огласи што промовираат ваква содржина, а не ги исполнуваат горенаведените правила мораат да бидат детално прегледани од страна на тимот на "Многу Медиа" (за што е потребно дополнително време за прикажување на огласот).
  5. Огласи што се ко-брендирани, спонзорирани од страна на "Многу Медиа" мораат да бидат прегледани од тимот во "Многу Медиа" пред нивното одобрување.
  6. Дополнително разгледување и одобрување е потребно доколку бесплатниот производ е наменет за деца.
  7. Пораката што стои во огласите не смее да биде контрадикторна во целост, доколку главната понуда асоцира кон нешто, а објаснувањето во долниот дел е сосем контрадикторно.
  8. Креатива на оглас што зависи од индивидуалните постигнувања на корисникот што исполнуваат некакви услови по кликнувањето на огласот мора да биде јасно нагласено.

14.Содржина од хазарден карактер (коцкање)

Не е дозволено:
  1. Креатива што поттикнува коцкање, онлајн-казина, спортски обложувања, бинго, покер и сл., од кој било тип не е дозволена на огласувачките платформи на "Многу Медиа".
  2. Содржина што промовира зголемување на шансите доколку се играат хазардни игри (коцкање).
  3. Турнири и игри што бараат дополнителни плаќања од страна на корисникот.
Дозволено со ограничувања:
  1. Хотели или казина што нудат коцкање сè додека огласувачот нема директна врска со овие игри.
  2. Државните лотарии смеат да се огласуваат сè додека таргетирањето на огласувачот соодветствува на таргетирањето офлајн.
  3. Трети страни што огласуваат или обединуваат повеќе лотарии не се дозволени.

15.Говор на омраза

Не е дозволено:
  1. Каква било содржина што поттикнува или промовира говор на омраза не е дозволена без разлика дали таа е насочена кон индивидуалец или група и без разлика дали е насочена кон расата, полот, етничката припадност, старосната група, сексуалната ориентација или јазикот на говорење.

16.Нелегални активности

Не е дозволено:
  1. i. Каква било содржина што поттикнува или промовира нелегални активности, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: нелегални хазардни игри, нелегална содржина за возрасни, порнографија, детска порнографија, пиратерија, нелегални онлајн-фармацевтски куќи, дрога, криминал, терористички активности итн.

17.Нелегални содржина, пирамидални шеми и писма

Не е дозволено:
  1. Каква било содржина што поттикнува или промовира нелегални натпревари, пирамидални штедења, пирамидални шеми со испраќање писма или е-пошта.
  2. Содржина што промовира вработување или остварување приход со можности што бараат претходно плаќање.
  3. Содржини што нудат натпревари што можат да резултираат со повреда на корисникот, на пример, трчање по скали и сл.

18.Интелектуална сопственост, заштитни марки

Не е дозволено:
  1. Користење на заштитената сопственост од страна на "Многу Медиа" од трети страни.
  2. Користење лого од трета страна на огласот на огласувачот подразбира дека за тоа претходно е добиена согласност од сопственикот за нејзино користење во огласот.
  3. Користење на истакнати личности, историски или политички, за поголема промоција на производот/услугата без претходно обезбедување на соодветни одобрувања и лиценци.
Дозволено со ограничувања:
  1. Цитирање на истакнати историски или политички личности е забранета, но може да биде прецизно наведена под огласот (на неговото отворање).

19.Навигација: огласување со таргетирање

Не е дозволено:
  1. Таргетирани огласи што содржат порака за специфичен таргет што се користи во кампањата, на пример, "Невработени мажи од Скопје кликнете овде".
Дозволено со ограничувања:
  1. Наведување на регионот за кој се однесува огласот што е таргетиран според географската локација, на пример, "Обезбедуваме книговодствени услуги на подрачјето на Скопје".

20.Навигација: дестинации кон кои водат огласите (линкови)

Не е дозволено:
  1. Дестинацијата кон која води линкот во огласот не смее:
  2. Да биде збунувачка, односно да води кон друга компанија, иако во огласот прецизно е наведена компанија, користејќи го нејзиното лого, дизајн и сл.
  3. Отворање на друг поп-ап оглас по кликнувањето на поставениот оглас.
  4. Користење на лажно копче за затворање што повторно отвора нов поп-ап оглас.
  5. Огласот не дозволува да се користи копчето за назад во браузерот, туку ги задржува на својата дестинација или на својата страница.
Дозволено со ограничувања:
  1. Идентификација на името на компанијата, дестинацијата мора да го има прецизно наведено своето име и лого на страната кон која води линкот од огласот за да знае корисникот која компанија го поставила огласот.
  2. Дестинацијата кон која води огласот мора да соодветствува со огласот, на пример, ако огласот е за ловење риба, не смее да носи на дестинација на која се прикажува содржина за возрасни во тој контекст.
  3. Дестинацијата кон која води огласот нуди различна содржина и можности од оние што се наведени во огласот.

21.Навигација: функционалност

Не е дозволено:
  1. Слики што претставуваат лажна функционалност како:
    1. Статички слики на копчиња и менија што не се функционални.
    2. Елементи што генерираат клик, а не содржат информација за линкот/дестинацијата кон која водат.
    3. Ги користат командите за фокус и го зафаќаат целиот прозорец, поставувајќи реклама.
    4. Користење на лажно копче за затворање и со клик на него предизвикуваат отворање на друга страница или друг оглас.
    5. Не дозволуваат да се користи копчето назад на браузерот, со што го задржуваат корисникот на нивната содржина.
    6. Имитираат копчиња, икони или пораки за грешки на оперативните системи.
    7. Имитираат функционалност или елементи од сајтот на кој се поставени.
    8. Користат исти бои како оние користени на сајтот, а притоа немаат поставено гранични линии од огласната површина со што би се издвоил огласот од содржината на сајтот.
    9. Имитираат знаење за функционалноста на персоналниот компјутер на корисникот.
    10. Претставуваат дека имаат податоци за инсталираните програми на корисникот и можност од потенцијални вируси.
    11. Промовираат нелегални активности за користење софтвер или содржат компјутерски вируси во која било форма.
    12. Иницираат автоматско преземање на некои датотеки без притоа за тоа да побараат согласност од корисникот.
Дозволено со ограничувања:
  1. Идентификација на името на компанијата, дестинацијата мора да го има прецизно наведено своето име и лого на страната кон која води линкот од огласот за да знае корисникот која компанија го поставила огласот.
  2. Дестинацијата кон која води огласот мора да соодветствува со огласот, на пример, ако огласот е за ловење риба, не смее да носи на дестинација на која се прикажува содржина за возрасни во тој контекст.
  3. Дестинацијата кон која води огласот нуди различна содржина и можности од оние што се наведени во огласот.

22.Навигација: поп-ап и поп-ап под огласите

Не е дозволено:
  1. Поп-ап реклами што се дел од дестинацијата кон која водат огласите не се дозволени никаде во платформите/секторите што се во сопственост на "Многу Медиа".

23.Навигација: користење на аудио во огласите

Не е дозволено:
  1. Иницирање на аудиосодржина што стартува автоматски со користење на глувчето преку рекламата.
  2. Секое користење на аудио мора претходно да биде одобрено од тимот на "Многу Медиа" за спречување користење на вербална несоодветна содржина од вулгарен, насилен и сл. карактер.
Дозволено со ограничувања:
  1. Користење на аудио во огласите е дозволено сè додека корисникот може да го контролира, вклучува или исклучува со негово кликнување на контролите.
  2. Огласи што се преземаат со стримувана преземана содржина можат да користат звук или ефекти што се во согласност со содржината на огласот и очекувањата на корисникот.

24.Онлајн-фармацевтски компании

Не е дозволено:
  1. Каква било содржина од несертифицирани фармацевтски компании.

25.Политичка содржина

Не е дозволено:
  1. Каква содржина на огласувачот што користи политичка агенда или политички работи за комерцијални цели, без разлика дали огласувачот има политичка агенда или не.
  2. Каква било содржина што е геополитички чувствителна.
Дозволено со ограничувања:
  1. "Многу Медиа" ќе дозволи поставување содржина од политичко-рекламен карактер. Притоа, "Многу Медиа" нема да фаворизира ниту една политичка партија, ниту еден кандидат, ниту една политичка агенда.
  2. Политичкото рекламирање ќе биде пропорционално и во согласност со важечките регулативи и прописи за правилно и еднакво застапување на политичките огласувачки кампањи насочени на Интернет.
  3. Ценовната политика за овој вид огласување ќе остане иста како и во периоди кога нема политички огласи и во ниеден случај преку менување на цените за ваквите типови огласи нема да влијае кон одредена политичка партија, без разлика какви се релациите на политичките кандидати или на политичките организации со "Многу Медиа".
  4. "Многу Медиа" го задржува правото да одбие поставување оглас од политички карактер доколку смета дека застапува ставови што директно ѝ нанесуваат штета на "Многу Медиа".
  5. Дестинациите кон кои водат овој тип огласи ќе бидат детално и дополнително разгледувани од тимот на "Много Медиа".
  6. Доколку политичкото рекламирање опфаќа прикажување во области што имаат поинакви закони за ваков тип огласување, "Многу Медиа" ќе ги почитува нив за таа област.

26.Насоки за заштита на приватноста

Дозволено со ограничувања:
  1. Дестинација кон која води огласот:
    1. Кога се бара внесување на персонални информации од страна на корисникот, огласувачот мора да постави и линк што води до политиката на приватност што е соодветна за барањето на таков тип информации.
    2. Корисникот мора да има можност да одлучи дали сака да ги поднесе податоците под сопствена слободна волја.
    3. Огласувачите мораат во своите огласи да ги наведат целите за кои ќе се употребат овие податоци.
    4. Барањето податоци мора да биде во согласност со важечките закони за заштита на личните податоци.
    5. Името на компанијата што бара лични податоци од корисникот мора да биде на видливо место наведена.

27.Религиозна содржина

Не е дозволено:
  1. Религиозна содржина што промовира одредени религиозни убедувања.
Дозволено со ограничувања:
  1. Религиозна содржина што е генерално прифатена и незабранета сè додека ги следи политиките за огласување во деловите што се однесуваат за неа.

28.Препродавачи на производи

Дозволено со ограничувања:
  1. Препродавачите можат да поставуваат производи од различни брендови и производители сè додека името на препродавачот и точното име на брендот се појавува и доведува до забуна за понудениот производ.
  2. Дестинациите кон кои водат огласите да го содржат името и логото на препродавачот и точното бренд-име на производот што се нуди.
  3. Дестинацијата кон која води огласот мора да има наведено линк во кој детално се објаснети релациите помеѓу препродавачот и производителот на производите.

29.Насилство и експлоатација

Не е дозволено:
  1. Каква било содржина што промовира, глорифицира или асоцира експлоатација, трговија со луѓе, силување, мачење, канибализам, смрт, себеосакатување, самоубиство или слики со насилна содржина.
  2. Бизнис-модели што ги експлоатираат социо-економските разлики, како, на пример, состаноци или забавување за стекнување на економска корист.

30.Неакредитирани универзитети

Не е дозволено:
  1. Содржина што промовира или нуди добивање а диплома или степен на образование од институции што не поседуваат универзитетска акредитација.

31.Веб-камери/опрема за набљудување

Не е дозволено:
  1. Содржина што промовира продажба на опрема за набљудување што не е за легитимна употреба, на пример, шпионирање, поради забава на одредена индивидуа и сл.
Дозволено со ограничувања:
  1. Содржина што промовира продажба на опрема за набљудување, јасно промовирајќи и сугерирајќи ја нивната употреба за нејзино легитимно користење.