Политика за приватност
Оваа Политика за приватност се однесува на податоците што се наоѓаат на интернет-страниците на МНОГОО МЕДИА ДОО Скопје и кои со користење на тие страници од страна на корисниците се собрани и зачувани во базите на податоци на друштвото МНОГОО МЕДИА ДОО Скопје.
Ги молиме корисниците внимателно да ја прочитаат оваа Политика за приватност, како полесно би разбрале кои информации ги собираме од нив и како се користат информациите. Со пристапот или со користењето на интернет-страниците на МНОГОО МЕДИА ДОО Скопје, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на политиката за приватност и со начините на користење на нашите интернет-страници. Доколку корисникот не се согласува со овие услови, го молиме да не пристапува и да не ја користи оваа интернет-страница. Доколку корисникот има какви било прашања во врска со доверливоста на податоците, го молиме да ни испрати електронска порака на електронската адреса: contact@mnogoomedia.com.
Лични информации.
Кога корисникот ќе се вклучи во одредени активности на нашите интернет-страници, како што се: отворање на кориснички профил, користење услуги на огласување и рекламирање, објавување содржини и/или објавување текстови на форуми, пополнување анкети, објавување коментари, барање информации за нашите услуги, може од корисникот да бидат побарани одредени лични информации, како што се име и презиме, адреса, е-пошта, телефонски број и датум на раѓање. Кога корисникот користи одредени услуги на нашите интернет-страници, може од корисникот да бидат побарани и информации за бројот на кредитната картичка, датум на важност, код за авторизација и други поврзани информации. Во зависност од видот на активностите, некои информации се одредени како задолжителни, а некои како доброволни. Ако корисникот не достави некоја информација што е задолжителна за одредена активност, нема да му биде дозволено вклучување во таа активност.
Други информации.
Овој вид информации можат да вклучуваат ставки како вид на пребарувач што го користи корисникот и Internet Protocol (IP) адресата на корисникот. Ние и/или нашите овластени даватели на услуги можеме автоматски да ги прибираме овие информации кога корисникот ќе ја посети нашата интернет-страница, со помош на достапните електронски алатки.
Ние нема да ги правиме достапни личните информации на корисникот на трети лица, освен на оние трети лица кои се наведени во оваа Политика за приватност и тоа на:
- Трети лица, даватели на услуги. Одредени наши активности ги преземаме преку трети лица, како даватели на услуги. Ние можеме да ги споделиме личните информации на корисникот со тие даватели на услуги поради исполнување на нашите обврски, испраќање на обична пошта и електронска пошта, анализа на податоци, давање услуги за огласување, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, обработка на плаќања со кредитни картички, управување со интернет-страниците и давање на кориснички услуги. На пример, кога корисникот нарачува услуга за огласување и рекламирање, банката ни доставува потврда за плаќањето на услугата. Употребата на личните информации на корисникот од страна на овластени трети лица, даватели на услуги е пропишана со Политиката за приватност на тие лица и таа не е под наша контрола.
Ние можеме да ги споделиме информациите што го идентификуваат корисникот со цел за наша заштита, заштита на други корисници или заштита на трети лица.
Исто така, ние можеме да ги откриеме информациите што го идентификуваат корисникот кога веруваме дека нивното откривање ќе помогне во спроведување на законот или кога тоа е неопходно поради постоење на судски налог или налог на друг државен орган.
Ние можеме да откриеме или да споделиме други информации на корисникот што не се лични со нашите соработници и со поврзаните друштва. На пример, ние можеме да ги споделиме собраните демографски информации (што не ги вклучуваат информациите што го идентификуваат корисникот) со трети лица, агенции за огласување што можат да ги користат информациите на корисникот што не се лични, со цел преку употреба на мрежни ознаки, да се обезбедат содржини и услуги за кои корисникот би бил заинтересиран, односно за постојано подобрување на квалитетот на нашите интернет-страници. Овде не се работи за лични информации на корисникот, туку само за сумирани активности на нашите корисници. Овие податоци се собираат во наше име и според тоа претставуваат наша сопственост и само ние ги користиме.
Секој корисник има можност за пристап и промена на информациите што го идентификуваат корисникот што тој ги дава. Корисникот може да промени која било од своите информации со промена на информациите во својот кориснички профил.
Како услов за користење на нашите услуги, ние бараме дозвола од корисникот за испраќање на административни и промотивни електронски пораки. Корисникот нeма можност да го исклучи примањето на административните електронски пораки. За разлика од административните електронски пораки, можност за избор корисникот има во поглед на промотивните електронски пораки. Промотивните електронски пораки ги огласуваат нашите производи и услуги, како и производите и услугите на нашите корисници. Ние ги испраќаме промотивните електронски пораки на корисниците кои се регистрирани и кои ја имаат избрано опцијата за примање на промотивните електронски пораки. Доколку корисникот не сака од нас да прима промотивни електронски пораки, може во кое било време по регистрацијата да ја избере опцијата за откажување на примањето на промотивните електронски пораки со означување на полето "откажи" на дното на која било наша електронска порака.
Заштитата на податоците ја разбираме сериозно и преземаме мерки на претпазливост за да ги заштитиме личните податоци на корисниците во согласност со позитивната законска регулатива. До своите лични податоци на нашата интернет-страница корисникот може да пристапи со помош на лозинка и електронска адреса. Оваа лозинка е енкриптирана. Препорачуваме корисниците да не ја откриваат лозинката никому. Покрај тоа, личните податоци се чуваат на сервер на кој можат да пристапат само избрани личности и даватели на услуги. Ние вршиме енкриптирање на одредени чувствителни информации, за да ги обезбедиме сигурност на личните податоци на корисникот.
Сепак, тука мораме да наспоменеме дека ниту еден пренос на податоци преку Интернет или која било безжична мрежа не може да биде целосно сигурен. Како последица на тоа, и покрај тоа што преземаме разумни заштитни мерки за заштита на податоците, не можеме да ја гарантираме заштитата на која било информација пренесена на или од нашата интернет-страница.
Cookies. Со цел да го олесниме и да го приспособиме искуството на корисникот на нашите интернет-страници ние испраќаме и складираме Cookies на компјутерот на корисникот. Cookie е мала текстуална датотека што се наоѓа на компјутерот на корисникот со цел за чување податоци. Таа содржи информации за корисникот. Ние ги користиме Cookies за да му заштедиме време на корисникот при користењето на овие интернет-страници, да ги следиме и да ги насочуваме интересите на корисникот, сè со цел да му обезбедиме на корисникот индивидуално приспособено искуство. Cookies ни овозможува од корисникот да се соберат информации за тоа кои страници корисникот ги посетил и на кои линкови кликнал. Употребата на овие информации ни помага да создадеме кориснички прифатливо искуство за сите корисници. Поголемиот број пребарувачи автоматски ги прифаќа Cookies, но вие сте во можност да ги наместите поставките на вашиот пребарувач да ги одбива Cookies.
Други начини на следење. Ние можеме да користиме и други стандардни технологии за следење на вашата употреба на нашите интернет-страници или можеме да им дозволиме на трети лица, даватели на услуги, користење на овој метод во наше име.
Оваа Политика за приватност се однесува само на употребата и објавувањето на информациите што ги собираме од корисниците. Другите интернет-страници на кои може да се пристапи преку нашите интернет-страници имаат свои сопствени политики за приватност и собирање податоци, како и за начините на нивното користење и објавување на тие страници. Ако корисникот се префрли на која било таква страница, препорачуваме да ја прегледа политиката за приватност на податоците на таа страница. Ние не сме и не можеме да бидеме одговорни за начинот и условите на работење на трети лица.
Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашите интернет-страници. Измените на Политиката за приватност стапуваат на сила веднаш по објавата на нашите интернет-страници. На секој Корисник паѓа одговорноста периодично да ја прегледа оваа интернет-страница и да ја проучи измената на Политиката за приватност на податоците. Продолжувањето на користењето на нашите интернет-страници од страна на корисникот, по стапувањето на сила на таквите измени, подразбира дека корисникот ги прифаќа условите на изменетата Политика за приватност.
Деца.
Малолетни лица помлади од 14 години не смеат да ги користат нашите интернет-страници. Ние не собираме или не задржуваме информации од кого било кој е помлад од 14 години, па според тоа ниту еден дел од овие интернет-страници не е дизајниран на начин да привлече кого било кој е помлад од 14 години.
Јавно достапни делови.
Ние можеме да обезбедиме подрачја на нашите интернет-страници каде што корисниците можат јавно да објават информации за себе, можат да комуницираат со други или да даваат оценки за медиумската содржина. Овие информации можат да им бидат достапни на другите корисници и друштва и можат да се појават на други интернет-страници или веб-пребарувачи, па според тоа овие информации можат да ги прочитаат, собираат и користат и други лица. Ние немаме контрола над тоа кој ги чита пораките на корисникот или што другите корисници можат направат со информацијата што доброволно ќе ја објавите. Затоа, ги молиме корисниците за претпазливост при објавувањето на какви било лични информации.