Социјални мрежи
"Твитер" како сервис е многу сериозно сфатен од екипата на "Многу Медиа". Нашите портали имаат неколку "Твитер"-низи, секоја со различна тематика и интензитет на објави.
Освен основното пласирање на издвоени вести на "Твитер", секој од порталите го користи сервисот за информирање на читателите во формата што ја нарекуваме микрорепортер. Пред сè, тоа значи дека новинарите и уредниците го користат овој интересен сервис за ултрабрзо пласирање информации. Една од најважните варијанти на употребата на "Твитер" е за следење на настани кои се во тек. На тој начин нашите репортери ќе известуваат од важни настани, во живо.
"Линкдин" е социјална мрежа на професионалци и фирми. Сè што сакате да дознаете за "Многу Медиа", во смисла на корпоративна политика, контакт-информации, вработени можете да го видите на нашата корпоративна "Линкдин"-страница. Воедно, доколку имате "Линкдин"-профил можете да се поврзете со нашата фирма, за да можете да ги следите нашите активности.
"Линкдин"-страницата овозможува интерактивност. Воедно, тоа е место за вашите предлози, прашања, а може да биде и место каде што со нас ќе може да почнете професионална соработка.