Услови за користење
МНОГОО МЕДИА ДОО Скопје дава интерактивни онлајн услуги преку интернет-страниците на домените mnogo.mk, mnoogo.mk, mnogu.mk (во понатамошниот текст - домените на МНОГОО), што се во сопственост и со кои управува друштвото МНОГОО МЕДИА ДОО Скопје (во понатамошниот текст – МНОГОО) на World Wide Web мрежата (во понатамошниот текст: – Интернет). Услугата се состои од услуги на веб-портали, односно давање на информациски услуги, услуги на огласување и рекламирање, управување со содржината, како и спроведување на финансиски трансакции.
Под поимот "интернет-страници" во овие Услови за користење се подразбираат сите интернет-страници што се наоѓаат во домените на МНОГОО. Со користењето на овие интернет-страници корисникот изјавува дека е запознаен и согласен со правилата и условите за користење наведени подолу во текстот. Доколку корисникот не се согласува со наведените правила и услови за користење, го молиме да се воздржи од употребата на овие интернет-страници.
Овие Услови за користење ги пропишуваат условите и правилата што се однесуваат на користењето на интернет-страниците на домените на МНОГОО од страна на корисниците. Со користењето на овие интернет-страници (освен при првото читање на овие Услови), корисниците изјавуваат дека се согласуваат со изнесените услови и правила и согласни се со користењето на интернет-страниците на домените на МНОГОО во согласност со нив.
Правото на користење на овие интернет-страници е лично право на корисникот и не може на ниту еден начин да се пренесе на други физички или правни лица. Корисникот е лично одговорен за заштита на доверливоста на лозинките, на оние места каде што тие како такви постојат. Корисникот е запознаен со фактот дека, иако Интернетот е општо сигурна околина, понекогаш доаѓа до прекин на услугите. МНОГОО не може да биде одговорен за какво било губење податоци до кои може да дојде за време на преносот на информациите на Интернет. Корисникот се согласува и прифаќа дека без оглед на причините, пристапот на интернет-страниците понекогаш може да биде во прекин, привремено недостапен или исклучен.
МНОГОО го задржува правото во кое било време да измени или укине кој било сегмент од своето работење, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на содржината, времето на достапност, како и опремата потребна за пристап и користење на страниците.
МНОГОО го задржува правото во кое било време и без претходно известување, да укине или да измени кој било од наведените Услови за користење. Затоа, корисниците се должни одвреме-навреме да ги прочитаат информациите содржани во Условите за користење, за да бидат информирани за таквите измени. Доколку дојде до измена на Условите за користење и корисникот продолжи да ги користи интернет-страниците на домените на МНОГОО, се подразбира дека ги прифаќа Условите за користење што се важечки во моментот. Каква било измена на условите на користење ќе стапи на сила веднаш откако ќе биде објавена на интернет-страниците.
Корисникот е одговорен за набавката и одржувањето на својата компјутерска опрема, вклучувајќи го целокупниот софтвер и хардвер, како и друга опрема, што е потребна за пристап и користење на овие или други интернет-страници, како и за трошоците поврзани со тоа. МНОГОО не е одговорен за какво било оштетување на опремата на корисникот, што може да настане како последица од користењето на овие или други интернет-страници.
Корисник е секое лице кое ги користи услугите на интернет-страниците на домените на МНОГОО.
Во зависност од овластувањата на корисниците за користење на интернет-страниците на домените на МНОГОО корисниците се категоризираат во три категории: Обичен корисник, Регистриран корисник и Премиум корисник (кога се споменуваат сите заедно во текстот на условите – Корисници).
- 1. Обичен корисник. Обичен корисник е секој корисник кој не е регистриран и кој во согласност со тоа може да има пристап само до одредени содржини на интернет-страниците на домените на МНОГОО. Доколку таквиот корисник сака да има пристап до сите содржини и услуги на интернет-страниците на домените на МНОГОО тој треба да се регистрира во постапка детално објаснета на интернет-страниците на домените на МНОГОО во делот под назив "регистрирај се". Наспоменуваме дека доколку корисникот одлучи да се регистрира од него ќе бидат побарани одредени лични податоци во согласност со Политиката за приватност на интернет-страниците на домените на МНОГОО.
- 2. Регистриран корисник. Регистриран корисник е секое физичко лице кое ја поминало постапката за регистрација и кое има пристап до сите содржини и услуги на интернет-страниците на домените на МНОГОО. Регистрираниот корисник има свое корисничко име и лозинка што му се потребни за пристап до неговиот кориснички профил, а со тоа и до сите содржини на интернет-страниците на домените на МНОГОО.
- 3. Премиум корисник. Премиум корисник е секој регистриран корисник кој има креирано посебен кориснички профил и има склучено посебен договор со друштвото МНОГОО МЕДИА ДОО Скопје, кој особено се однесува на условите на огласување на интернет-страниците на домените на МНОГОО.
МНОГОО им дава можност на своите корисници да огласуваат рекламни пораки на интернет-страниците на домените на МНОГОО. Услугата за огласување им е достапна само на регистрираните и на премиум корисниците. Услугата за огласување на интернет-страниците домените на МНОГОО е со надомест, во согласност со овие услови за користење. Огласувањето на интернет-страниците на домените на МНОГОО, мора да биде во согласност со овие Услови на користење и со Политиката за приватност. МНОГОО го задржува правото да ја одбие или да ја отстрани секоја рекламна порака што е во спротивност со овие Услови на користење, Политиката за приватност и со Политиката за креативна прифатливост на рекламирање.
Секој корисник, кој согласно овие услови за користење има право да ја користи услугата на огласување во својот кориснички профил, има можност со одбирање на опцијата "огласување" да направи нарачка за огласување на своја рекламна порака на интернет-страниците на домените на МНОГОО.
Корисникот кој ја користи услугата за огласување самостојно управува со својот кориснички профил во поглед на огласувањето. Со одбирањето на опцијата "огласување", корисникот ќе добие можност да ја специфицира својата нарачка, со цел неговата реклама да постигне максимална ефикасност, односно да биде видена од оние на кои таа им е наменета. За таа цел корисникот во формуларот за нарачка треба да наведе:
- - Дневен буџет (износ на средства што корисникот е во можност да ги потроши за огласување во текот на еден ден).
- - Понуда на цена (bid) што корисникот е согласен да ја плати за 1.000 импресии [МНОГОО МЕДИА ДОО Скопје дава препорака за понуда на цена (bid), во кои рамки корисникот може, но не е обврзан да се движи].
- - Демографски карактеристики (возраст, пол, професија, локација и др.) на корисниците кои се целна група на корисникот-огласувач.
Со потврдувањето на овие карактеристики во формуларот за нарачка се смета дека нарачката е направена со што корисникот е согласен да се изврши наплата на буџетот од неговата сметка на начин предвиден во овие услови за користење. Со нарачката, корисникот го испраќа (upload-ира) и рекламниот материјал што сака да го огласи.
Во согласност со формуларот за нарачка позиционирањето на рекламните пораки на интернет-страниците на домените на МНОГОО се врши од страна на МНОГОО на начин што овозможува рекламната порака да постигне најголем ефект кај целната група на која рекламата е наменета.
Доколку во текот на денот не се искористи целокупниот износ на дневниот буџет, тој ќе биде искористен во наредните денови. Со искористувањето на дневниот буџет рекламната порака на огласувачот ќе биде отстранета од интернет-страниците на домените на МНОГОО.
Корисникот ќе има можност во секое време да ја следи состојбата на својот кориснички профил, преку статистички податоци што покажуваат детални податоци за поставениот оглас/кампања.
Корисникот во секое време ќе може да го зголеми дневниот буџет, како и понудата на цена, со цел да го подобри позиционирањето на својата рекламна порака.
Рекламните пораки што Корисникот има намера да ги огласи на интернет-страниците на домените на МНОГОО задолжително треба да бидат во форматите наведени во делот за поставување на огласите и рекламните пораки.
Голем дел од содржините и услугите на интернет-страниците на домените на МНОГОО се бесплатни.
Услугите на интернет-страниците на домените на МНОГОО, што се со надомест, се јасно и недвосмислено ќе бидат означени како такви на интернет-страниците. Доколку тоа не е случај, таквите услуги се бесплатни.
За содржините и услугите на интернет-страниците на домените на МНОГОО, што се со надомест, МНОГОО овозможува плаќање по пат на кредитни и дебитни картички. Ова одредба се однесува само на регистрираните корисници. Пресметувањето на износите на услугите и начинот на плаќање од страна на Премиум корисниците ќе бидат утврдени во посебниот договор што се склучува помеѓу Премиум корисниците и МНОГОО.
Целокупната комуникација и интеракција што се одвива преку овие интернет-страници мора да биде во согласност со овие Услови за користење. Од корисниците се бара сите нивни активности во врска со користењето на овие интернет-страници да бидат во согласност со позитивните прописи на Република Македонија.
Корисниците не смеат преку овие интернет-страници да објавуваат или да пренесуваат какви било материјали:
- - што ги загрозуваат или на кој било начин ги кршат правата на другите;
- - што по својата природа се незаконски;
- - што ја нарушуваат или загрозуваат приватноста;
- - што се вулгарни, навредливи или на друг начин непожелни во комуникација;
- - што поттикнуваат на противправни активности; или
- - што на друг начин не се во согласност со Политиката на креативна прифатливост за рекламирање.
Какво било однесување на корисниците, што го ограничува или оневозможува кој било друг корисник во користењето или уживањето во овие интернет-страници строго е забрането. Корисникот не смее да ги користи овие интернет-страници за огласување на каква било верска и политичка пропаганда. Корисникот не смее да ги повикува другите корисниците на овие интернет-страници на тоа да станат членови на друга онлајн или офлајн услуга, што претставува директна или индиректна конкуренција на МНОГОО.
Сите материјали што се наоѓаат на интернет-страниците на домените на МНОГОО се ексклузивно право на МНОГОО или се користат со изречно одобрение на носителот на авторските права и на носителите на правото на трговските марки и/или индустриските дизајни. Какво било копирање, дистрибуција, пренос, објавување или на друг начин користење на материјалите на овие интернет-страници, без изречна писмена согласност на МНОГОО е забрането. Какво било кршење на овие услови, што може да има како последица повреда на авторските права, правото на трговска марка или право на кој било друг облик на интелектуална сопственост може да доведе до иницирање на граѓански или трговски постапки и/или до кривичен прогон против сторителот.
Корисникот може да презема и печати материјали заштитени со авторско право само со цел за своја сопствена употреба.
Корисникот нема на овие интернет-страници да поставува или да објавува каков било материјал што подлежи на авторско право, право на трговска марка или други права од интелектуална сопственост, без изречно одобрение на носителите на тие права. Корисникот е исклучиво одговорен за штетата што може да настане со повредата на авторските права, злоупотребата на трговската марка и на други права на интелектуална сопственост или какви било проблеми настанати во врска со објавувањето на таков материјал.
Корисникот е согласен дека користењето на овие интернет-страници е исклучиво на негова одговорност. МНОГОО не гарантира дека користењето на овие интернет-страници нема да биде прекината или дека ќе биде без грешки; МНОГОО не гарантира за последиците што можат да настанат со користењето на овие интернет-страници, како ни за точноста, сигурноста или содржината на која било информација или услуга дадена преку овие интернет-страници.
МНОГОО не одговара за каква било штета или можна повреда причинета со грешка, прекин, дефект, каснење на преносот, компјутерски вирус, прекин на комуникациската линија, кражба, неовластен пристап, злоупотреба на записите, несоодветно однесување или со кое било друго дејство.
Корисникот потврдува дека МНОГОО не е одговорен за навредливо, несоодветно или противзаконско однесување на другите корисници или трети лица и дека ризикот од штетата што може да настане како последица на наведеното во потполност паѓа на корисникот.
Во ниту еден случај МНОГОО или друго физичко или правно лице вклучено во создавањето, производството или дистрибуцијата на овие интернет-страници, нема да бидат одговорни за каква било штета што може да настане како последица од користењето или неможноста за користење на овие интернет-страници. Корисникот изречно потврдува овие одредби се однесуваат на целокупната содржина на овие интернет-страници.
МНОГОО нема да биде одговорен за која било грешка, неточност или други недостатоци, несоодветност или неизворност на информациите што се наоѓаат на овие интернет-страници, како и за какво било доцнење или прекин во преносот на информациите до корисникот (на пример: е-пошта известувања што не се стигнати до корисникот), за какво било побарување или загуба што произлегуваат од тоа, вклучувајќи и изгубена заработувачка.
МНОГОО не е одговорен за каква било содржина што корисникот може да ја постави на овие интернет-страници. Каква било содржина што е поставена, а е или може да се смета за несоодветна може во секој момент да биде отстранета од страна на МНОГОО.
11. Надзор
МНОГОО има право да врши надзор над содржината на овие интернет-страници, со цел да се обезбеди усогласеност и почитување на овие Услови за користење, како и на кои било други правила пропишани од страна на МНОГОО, како и усогласеност со позитивната законска регулатива. МНОГОО го задржува правото на отстранување на кој било материјал, за кој, според сопствената Политика на креативна прифатливост за рекламирање, ќе најде дека не е во согласност со тука поставените правила или за кој ќе најде дека е дискутабилен на друг начин.
МНОГОО може да го раскине деловниот однос со кој било свој корисник во кое било време. МНОГОО го задржува правото моментално да укине која било лозинка или кориснички профил во случај на какво било однесување на корисникот, што друштвото МНОГОО, според својата дискрециска оцена, го смета како неприфатливо, како и во секој случај на непочитување на овие Услови од страна на корисникот.
МНОГОО е дистрибутер на содржините што ги добавуваат третите лица и корисниците. Какви било мислења, совети, изјави, услуги, понуди или други информации или содржини поставени од трети лица или кои било корисници, доаѓаат од соодветните автори или дистрибутери, а не од друштвото МНОГОО. Ниту МНОГОО, ниту кое било трето лице давател на информации не гарантира за точноста, потполноста или корисноста на која било содржина, како ни за нивната можност и соодветност за која било определена намена.
Во многу случаи, содржината што е достапна на овие интернет-страници претставува мислење и оценка на соодветниот давател на информацијата, корисникот или друг корисник кој не е во договорен однос со МНОГОО. МНОГОО не ги авторизира тие информации и според тоа не може да биде одговорна за точноста и сигурноста на кое било мислење, совет или изјава што е објавена на интернет-страниците, од страна на кој било, што не е овластен работник на МНОГОО. Под какви било услови МНОГОО нема да биде одговорен за каква било загуба или штета настаната со тоа што корисникот се потпрел на информација добиена преку интернет-страниците на домените на МНОГОО. На корисникoт паѓа целата одговорност да ја оцени точноста, комплетноста или корисноста на која било информација, мислење, став, совет или друга содржина што е достапна преку интернет-страниците на домените на МНОГОО. Интернет-страниците на домените на МНОГОО содржат линкови на веб-страниците на трети лица кои ги одржуваат други даватели на содржини. Овие линкови се поставени само поради практични причини, а не како потврда од страна на друштвото МНОГОО за содржината на страниците на трети лица. Доколку корисникот одлучи да пристапи на веб-страниците на трети лица, тој тоа го прави на сопствена одговорност.
Доколку корисникот нема потпишано договор со МНОГОО, што изречно му дозволува да го стори тоа, корисникот или трето лице не смее да постави линкови од интернет-страниците на домените на МНОГОО на која било друга интернет-страница.
Насловите на Поглавјата користени во овие Услови за користење служат само поради полесна ориентација и на кој било начин не влијаат на толкувањето на содржината што се наоѓа во нив. Доколку надлежниот суд пронајде дека која било одредба од овие Услови е ништовна, таквата ништовност нема да влијае на валидноста и важноста на која било друга одредба од овие Услови, а преостанатите делови на овие Услови ќе останат на сила. Доколку која било страна не ги искористи своите права од овие Услови, тоа нема да се смета за откажување или за губење на тие права, како ни на кои било други тука наведени права.
Споровите што можат да настанат како последица на користењето на овие интернет-страници (освен доколку со посебен договор не е предвидено поинаку) се во надлежност на Судот во Скопје и се решаваат во согласност со позитивните прописи на Република Македонија